,,Илинден 1903, Илинден 1944 и Семејството Рашков’’

Двата Илиндена, од 1903 и 1944 се симбол на победата и на македонскиот непокор. На овој празник со пиетет се потсетуваме на херојските визии и дела на нашите предци и на нивниот сон. Со вториот Илинден се удрија темелите на Македонската држава а после речиси еден век по првиот Илинден – суверена и независна Република Македонија. 

Приказната е за непокорот на едно семејство од прекрасните падини на Осоговските Планини  и нивната вековна борба за уништување на прангите од ропството. Потеклото на семејството е од Паланечкиот крај но поради судир со Турската власт ќе бидат приморани да заминат на падините на Осоговските Планини во XIX век. Приказната започнува на почетокот од XX век. Стојан Рашков Малинов е роден 1880година во земјоделско семејство во месноста Чиперник во близината на село Небојани Кочанско. Син на Рашко Малинов кој бил осуден за револуционерни дејствија во пред Илинденскиот период. На денот на завршување на казната затвор Рашко е отруен со последниот филџан кафе од чуварите во Скопскиот затвор но сепак успеал да остави аманет во последните мигови од животот кон семејството за продолжување на борбата за слободата. Аманетот ќе го пренесе еден Влав од друго Кочанско село после неговото излегување на слобода. Стојан Рашков Малинов станува член на МРО (Македонска Револуционерна Организација) и е активен во периодот 1903 – 1912година. За време наИлинденскиот период земал активно учество и бил предводник(водич) на сите чети кои поминувале низ Осоговските планини бидејќи таму се наоѓал каналот(патот) кој водел кон Ќустендил кој во тоа време бил втор политички центар во Бугарија. Бил комита(четник) во четата на Христо Чернопеев(познат по Аферата Мис Стон, учесник со својата чета во Илинденското Востание, дел од Радикално – реформската струјаЛевица). Со формирањето на Народна Федеративната Партија (легална политичка партија која произлегла од левото крило на ТМОРО и била активна од 1909 – 1910година во која членувале Димитар Влахов, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Добри Даскалов, Тодор Паница, Таската Спасов – Серски) станува нејзин член. Големиот семеен имот го ставил на располагање на организација, во семејната куќа ќе преноќат сите видни револуционери од Илинденскиот и постилинденскиот период бидејќи главниот канал(пат) минувал таму. Тој канал ќе го користи и  претседателот на Крушевската Република Никола Карев кој во 1905 година ќе биде убиен во месноста Свиланово во близината на селото Рајчани Кочанско. На почеток од својата револуционерна дејност во битка со Турскиот Аскер на Осоговските Планини е биде ранет во левата рака во пределот на дланката и ќе остане инвалид со таа рака. Поради телесниот хендикеп почнува да извршува курирски задачи за организација. За време на активностите успева да преживее местенка со писмо кое му било предадено на пазарот во Кочани, ја насетил местенката бидејќи бил следен при што застанал да купи леб во една фурна после пазарот во Кочани и скришно го вметнал писмото во векната леб и го изел. На излезот од Кочани бил пресретнат од  турски жандармери кои го соблекле гол и откако увиделе дека нема никакво писмо го пуштиле да си оди. По завршување со дејствијата за организација се пасивизира и се посветува на земјоделско-трговската дејност. Во периодот кој следува неговиот брат Ефрем кој бил голем трговец е убиен во Кочанската околина на враќање од пазар во Солун и ќе му биде украдено златото што го носел со себе. Другиот брат Петар е убиен во приморскиот дел на Бугарија од страна на Бугарската војска. Со промената на власта во Македонија од страна на новата власт е репресиран и семејната куќа му е повеќе пати запалена за на крај да добие и смрттна пресуда. Српската војска ќе го зароби целото семејство без комитата кој во тој момент бил низ падините на Осогово ќе ги заклучи во куќата и ќе ја запалат. Еден од синовите Илија ќе успее да ја скрши вратата и да го спаси целото семејство. Немајќи излез од новонастаната ситуација Стојан Рашков Миланов пребегнува во Ќустендил 1926година со дел од семејството. На почеток живеат тешко во сиромаштија и парчето леб ќе го заработуваат мачно во Ќустендилскиот монопол. Стојан Рашков Малинов не е активен во политичкиот живот во Ќустендил но ќе стане личен возач(обезбедување) на фијакер на Евреинот сопственик на монополот.  Во 1927година третиот брат Атанас кој живеел во село Бање Кочанско е уапсен во градскиот пазар во Кочани како дел од репресиите кон македонското население поради атентатот на генералот Михајло Ковачевиќ во Штип и е осуден на 12 години најстрог темничен затвор. Одлежал во затворот во Пожаревац и Лепоглава и бил единствен кој се вратил жив од сите осудени во истиот политички случај. Синот Илијаќе живее со браќата и чичковците во селото Бање Кочанско и еден ден додека ги пасел овците на семејниот имот во селото ќе биде малтретиран од српски падар(чувар) во селото по што ќе го претепа и во страв дека го убил ќе избега кај татко му во Ќустендил а од таму во Софија каде што како политички бегалец ќе остане до крајот на животот.

Во 1941година настанува промена на власта во Македонија, Стојан Рашков Миланов се враќа дома заедно со семејството, и се вклучува активно со своите синови и внуци во Антифашистичката борба. Каналот во Осоговските Планини е повторно користен од страна на партизаните во антифашистичкиот период. Најмладите синови Ангел и Ставре успеал да ги школува и да се стекнат со високо образование.Ангел бил член на Комунистичката партија во Бугарија од 1935година почнувајќи во иста комунистичка келија со Тодор Живков(Долгодишен комунистички лидер во Бугарија). Тодор ќе престојува во станот под кирија во Софија кој го имал изнајмено Ангел од Бугарски полицаец кој поради симпатии кон комунизмот ќе ги штити и нема да ги издаде за нивната дејност. Во Македонија се враќа 1941година и набрзо ќе биде уапсен во Скопје и осуден од Фашистичката власт на 15години поради комунистички дејствија. После пресудата ќе биде префрлен во Бугарија во Софија. На поднесената жалба властите одлучуваат за повторното судење во Софија. Како сведок во судот ќе се појави тогашниот градоначалник на Ќустендил кој ќе сведочи во негова корист дека осудениот  и неговото семејство немаат комунустички дејности туку се работливи и чесни луѓе, по што ќе добие ослободителна пресуда. Во 1943година се запишува на Правниот Факултет во Софија и ќе земе една година а во 1944година се враќа во Скопје каде ќе учествува во ослободување на главниот град на Македонија. По ослободувањето во новата власт ќе биде назначен за втор човек на железничниот сообраќај во државата(заменик министер) а подоцна за секретар во Македонски Народен Театар. Најмладиот син Ставре по враќањето во Македонија 1941година работи првин во Општина Кочани, железницата, полициската станица за да потоа стане учител. Во НОБ се вклучил во 1943година. Во 1949година се запишува на факултет како прва генерација ВПШ- Историја и  Географија и ќе стане учител по Историја во источниот крај на Македонија. Синовите Ангел и Ставре поради блиски релации со видни политички личности од Комунистичката партија на Бугарија во политички монтирани процеси со резолуцијата наИнформбирото ќе бидат осудени и испратени на Голи Оток. Ангел ќе се најде во втората група која ќе замине во дотогаш непознатиот остров на смртта во 1949та година. Помалиот брат Ставре ќе почне да се распрашува каде се наоѓа брат му по што и тој во политички монтиран процес 1951година ќе биде осуден и испратен со петта група на островот заедно со чичко Панко Брашнаров. По излежување четири и две годишната казна затвор ќе се вратат во Македонија по што Ангел останува активен во политичкиот живот во Скопје додекаСтавре ќе се повлече и прерано на 44годишна возраст ќе го загуби животот. Во 1952година Президиумот на Народното Собрание на Народна Република Македонија на Стојан Рашков Малинов му доделува Илинденска Споменица и со тоа го остварува правото на пензија. Одликуван е со два медала (едниот кокарда на ВМРО мртовечка глава со вкрстената кама со пиштол а другиот петокрака со комита кој држи во рака знаме Слобода или Смрт). Денес тие се наоѓаат во историскиот архив на Р.М како подарок од семејството Рашков на државата заедно со слики од револуционерниот период, народно-ослободителната борба како и капата и футрола за носење писма од револуционерниот период. Честит и вековит да ни е Илинденот за да си спомнуваме за Илинденците, за идеалот, за изборот, за храброста…

Вечна им слава на сите кои животот го дадоа за Македонија !!!

Слобода или смрт !!!

Смрт на фашизмот – Слобода на народот !!!

Вечен Илинден !!!

Рашков Стојан Август 2015

Leave a comment